Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУтре „Сите во кајак“ во Градски парк

Утре „Сите во кајак“ во Градски парк

Утре, сабота (28 мај 2016) со почеток во 10 часот на езерцето спроти арената Филип 2 во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи првиот настан од проектот „Сите во кајак“ кој има за цел, да им овозможи на 3.000 деца, на повеќе локации во земјава, да ги направат првите чекори и да се запознаат со овој спорт.
Кампањата чии носители се Кајакарската Федерација на Македонија и Кајак кану клубот Илинден ќе се обиде да привлече нови членови, да создаде база и нови сили во олимписката дисциплина. Скопскиот настан е прв во низата која во текот на летото ќе продолжи во Ресен, Дебар, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Струга, Маврово каде нашите сограѓани ќе можат да се започнаат со привлечноста на кајакарството. Тренерскиот тим, соодветната опрема, активистите едукатори ќе им бидат на располагање на сите заинтересирани во терминот од 10 до 13 часот.
На часовите ќе биде презентирана кајакарска опрема, нејзино користење, основни завеслаи, техники на возење, индивидуална и тимска работа, едукативни активности.

Заинтересираните за учество во овие активности може да се пријават преку апликацијата на www.sitevokajak.mk. Учеството за сите е бесплатно.