Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУтре протест за амнестија на осудениците

Утре протест за амнестија на осудениците

Граѓанската иницијатива за донесување Закон за амнестија на осудениците утре ќе оддржи протест пред Собранието на Република Македонија. Протестот е најавен во 12 часот, а демонстрантите ќе бараат позитивен одговор од Претседателот на Собранието на РМ за распишување Граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање на 10.000 потписи за донесување на Закон за амнестија во законски предвидениот рок.

„Доколку не се удоволат нашите барања, протестот ќе трае деноноќно се до добивањето на потребниот одговор од страна
на Претседателот на Собранието на РМ.

Нашите барања се:
– Доставување на заклучок од Собранието на РМ за уредност на Предлогот за донесување на Закон за амнестија во законски предвидениот рок;
– Правда за обесправените од „Swarovski“ судството;
– Подобрување на условите на казнено – поправните институции и Воспитно – поправните институции;
– Стоп за ТОРТУРАТА на оваа категорија граѓани“, порачуваат организаторите.