Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостУтре протест против насилството врз животните

Утре протест против насилството врз животните

Граѓанското здружение „Анима Мунди“ најаува јавен собир под мотото „Македонија против насилство врз животните!“. Протестот ќе се оддржи во недела во 12.30 часот на Плоштад Македонија во Скопје.

Во име и заедно со бројни македонски граѓани, хумани луѓе и љубители на животни од здружението бараат:
„Масовна стерилизација, а не масовна елиминација на животните – на улица, или во стационари како скопско Вардариште. Забрана на слободната продажба на отрови кои се опасност за здравјето и животот на сите. Полиција за животни под итно животни зошто е повеќе од очигледен фактот дека насилството врз животните е декаден срам и обележје на Република Македонија. За насилниците казна затвор!“.