Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУтре протест пред затворот Идризово – Стоп за политичкиот прогон на Љубе Бошкоски

Утре протест пред затворот Идризово – Стоп за политичкиот прогон на Љубе Бошкоски

Приврзаниците на Љубе Бошкоски утре, понеделник во 11 часот ќе побараат одговори од директорот на Идризово, Живко Пејковски кога планира да го потпише решението за негово ослободување од затворот. Бошкоски чека на потписот подолго време, со оглед дека го следуваат три месеци поради добро однесување, но како што велат од партијата поради притисоци и закани кои пристигнале од функционери на Министерството за правда како и од власта директорот Пејковски сега не потпишува.

Од партијата кажаа дека има наредба Бошкоски да се држи во затворот се до завршување на изборите, иако е против правилата кои важат исклучиво за сите затвореници и со непотпишувањето се кршат правата на екс министерот за внатрешни работи.

Утре, пред затворот во Идризово приврзаниците на Бошкоски ќе го потсетат директорот дека не смее да ја злоупотребува службената положба. Доколку не потпише против него ќе биде покрената постапка, за што се веќе информирани претставниците на меѓународната заедница. Од партијата најавуваат и дека доколку е потребно ќе се преселат пред затворот и ќе блокираат се до излегувањето на Љубе Бошкски.