Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУтре протест пред Владата поради загадениот воздух

Утре протест пред Владата поради загадениот воздух

Поради загадениот воздух, граѓаните утре ќе протестираат пред зградата на Владата од 12 часот. На настанот, „Станете за чист воздух“, кој што е споделен на „Фејсбук“ се вели дека протестот е граѓански.

„Протестот не е организиран од политичка партија, организиран е од граѓани, од сите нас кои дишеме загаден воздух“, се вели во повикот за протестот.

Активистите за чиста животна средина, исто така ги повикаа родителите, да не ги носат децата на училиште на 20 декември (среда) во знак на протест поради загадениот воздух. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за оваа иницијатива рече дека е „политички мотивирана“.

И утринава, воздухот во сите скопски општини е загаден четири пати повеќе од максимално дозволената граница.