Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУтре ќе се гласа за новата влада и нејзината програма

Утре ќе се гласа за новата влада и нејзината програма

Заев доверба од парламентарците за неговиот предлог за состав на новата влада и програмата по која ќе работи ќе побара утре бидејќи Талат Џафери седницата ја закажа на 30 мај во 11.00 часот, на која ќе започнат дебатите за избор на нов кабинет. Согласно Уставот на Република Македонија дебатите продолжуваат најмногу два дена.

Тоа значи дека во средата пред полноќ Зоран Заев ќе биде избран за нов премиер. Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз  Зоран Заев синоќа  го објави составот на новата македонска влада, кој беше одобрен на вонредна седница на Централниот одбор на партијата.

Во новиот кабинет ќе има 15 министерски места и 6 министри без ресор. Тие се претставници на три партии – СДСМ, Демократската унија за интеграција  на Али Ахмети и Алијансата за Албанците предводена од Зијдин Села.

Во последен момент Движењето “Беса” на Билал Касами одлучи да не биде дел од новата коалиција, со поставување на непринципиелни услови за редефеинирање на државата.

Трите партии – СДСМ, ДУИ и Албанскиот сојуз располагаат со 62 пратеници во 120-члениот парламент.