HomeДЕНЕШНАРепубликаУтре граѓански марш во Скопје под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“

Утре граѓански марш во Скопје под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“

Утре, (11 октомври) со почеток во 14:00 часот, во Скопје ќе се одржи граѓански протестен марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува”. Маршот започнува пред просториите на Специјалното јавно обвинителство на раскрсницата на булеварите Партизански одреди и Франклин Рузвелт.

Според иницијаторите, маршот ќе се одржи за да се одбележи Денот на востанието во Македонија и да се испрати слободарска порака.

Пред присутните граѓани, пред Парламентот, ќе се обратат претставници од Сојузот на борци, граѓански активисти и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com