HomeДЕНЕШНАРепубликаУчебната година се уште не е започната за тетовските гимназијалци

Учебната година се уште не е започната за тетовските гимназијалци

Македонците од тетовската гимназија се уште не ја започнаа учебната година. Помина 21 ден од почетокот на учебната година за сите останати, а тие ја започнаа со протест, барајќи како што велат основни услови за почеток на наставата. Неколку години наназад гимназијалците учат во просториите на Народниот Универзитет и основното училиште „Гоце Делчев“.

До државните и општинските власти, испратено било писмо од Перса Угриноска – Наумоска, член на Советот на родители од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, во кое е истакнато и незадоволството од немањето превоз за учениците. Во писмото таа вели: Да беше проблем само немањето на училишен објект за гимназијалците-македонци во Тетово. Сепак тој е најактуелен, па можеби затоа во сенка паѓа грубото кршење на уште еден Член од Законот за средно образование-Член 41-а, став 1, во кој децидно стои дека „За ученикот кој е со статус на редовен ученик во јавно средно училиште се организира бесплатен превоз до училиштето, доколку местото на живеење на ученикот е оддалечено најмалку 2,5 км. од средното училиште во кое е запишан“.

Од општина Тетово нудат три решенија за проблемот со гимназијалците од македонска настава. Едниот од нив е доградба во централниот објект на гимназијата, но засега нема спогодба со советот на родители.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com