Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиУште 100 дена до новото издание на Д ФЕСТИВАЛ во Дојран

Уште 100 дена до новото издание на Д ФЕСТИВАЛ во Дојран

Веќе шеста година по ред се организира еден од најголемите музички настани во Македонија на отворено Д ФЕСТИВАЛ во Дојран.

Како што информира фестивалската прес-служба, во наредните 100 дена, организаторот на фестивалот ангажирајќи го сиот свој расположлив капацитет, ќе даде отчет за сите активности кои тимот на Д ФЕСТИВАЛ ги подготви за овогодишното издание: различните програмски сегменти, музичките изведувачи, новостите во фестивалскиот камп, информациите за влезниците, новиот изглед и дизајн на Фестивалот, филмските проекции, арт-инсталациите, спортските и гејминг зоните, централните теми на Фестивалот, фестивалските бини, но и тајните концерти. Во наредните 100 дена, јавно ќе бидат презентирани гостите и пријателите на фестивалот кои ќе се погрижат за уникатните забавни и културни активности и уште 100-тина други интересни содржини наменети за посетителите и фановите на Д ФЕСТИВАЛ. Истите уште сега можат да го дадат својот глас за Д ФЕСТИВАЛ кој е номиниран за МАН наградите во категоријата

Во рамките на фестивалот се организира и здружување на сите кретативци, уметници, дизајнери со отворени и креативни видици да земат активно учество во зодржините на Д ФЕСТИВАЛ 2016.

Сите заинтересирани може да се пријават на најдоцна до 1-ви мај.