Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставниот суд се прогласи ненадлежен за распуштање на Собранието

Уставниот суд се прогласи ненадлежен за распуштање на Собранието

Уставниот суд на денешната седница ги отфрли иницијативите на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов и на Тодор Петров за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија. Судот, како што појаснуваат оттаму, не навлегува во тоа дали Одлуката е уставна или не, не ја анализира од уставен аспект, сметајќи дека таа се однесува на конкретно Собрание, а не на собранија воопшто како институции на државен органи и од тие причини ги отфрлени иницијативите.

Судот не влезе во мериторно одлучување за Одлуката, бидејќи не е надлежен за оценка на уставноста на конкретни и поединечни акти. Одлуката не била едногласна, дел од судиите сметале дека одложно дејство за распуштање на собранието не е предвидено со уставот и ако уставниот суд се прогласи за неналдежен нема друга институција која може да ги разгледува овие прашања.