Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставниот суд не „раскрсти“ со поставувањето крст во Бутел

Уставниот суд не „раскрсти“ со поставувањето крст во Бутел

Уставниот суд со 8 гласа одлучи да ја тргне од дневен ред точката за разгледување на уставосноста за поставувањето на крстот во Бутел по иницијатива на Светскиот македонски конгрес и со поддршка на општината бидејќи не присуствуваше уставниот судија Сали Мурати, кој не присуствуваше на седницата.

protest krst butel

Обидот да се постави крст во Бутел доведе до сериозна ескалација на тензиите при што активисти на ДУИ поставија привремен камп, а група на граѓани се обиде да го одбрани местото но, беше спречена од полицијата.

Иницијативата за крстот е поднесена од Зијадин Села, градоначалник на Струга кој смета дека одлуката не била донесена според принципот на Бадентер во општина Бутел.