Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставниот суд не им го продолжи мандатот на градоначалниците

Уставниот суд не им го продолжи мандатот на градоначалниците

Уставниот суд денеска одлучи да не поведе постапка по двете иницијативи со кои се оспорува членот 35 став од Законот за локална самоуправа, како и членот 16 став 1 од изборниот законик, кој се однесува на рокот на одржување на локалните избори, а тоа е првата половина на мај.

– Уставниот суд ја цени содржината на одредбите, а не тоа што го нема. И покрај тоа што е неспорно дека постои правна празнина бидејќи не се предвидени механизми што да се прави кога локалните избори не можат да се одржат во законските рокови, одложувањето може да го направи само законодавецот, т.е. Собранието.

Со ова мандатот на градоначалиците и советниците истекува на 15 мај.

Инаку, иницијативата за продолжувањето на мандатот на градоначалниците и на советниците до Уставниот суд ја поднесоа Министерството за локална самоуправа, Министерството за правда и Светскиот македонски конгрес.