HomeДЕНЕШНАРегионУставниот суд на БиХ го поништи референдумот, Додик обвинува за удар врз демократијата

Уставниот суд на БиХ го поништи референдумот, Додик обвинува за удар врз демократијата

referendum-rs

Уставниот суд на Босна и Херцеговина донесе одлука за поништување на резултатите од референдумот одржан на 25 септември во Република Српска, со образложение дека таквата одлука не е во согласност со Уставот на БиХ.

Одлуката е донесена бидејќи референдумот е спроведен врз основа на Одлуката за распишување на републики референдум од 15 јули за која Уставниот суд утврди дека не е во согласност со Уставот на БиХ и спротивно на налогот од Уставниот суд за Одлука за привремена мерка од 17 септември. Судот утврди дека наведената одлука не е во согласност со Уставот на БиХ бидејќи за референдумското прашање веќе постои конечна и обврзувачка одлука на Уставниот суд и истата треба да се почитуца од сите органи и институции на јавната власт.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик по одлуката на Уставниот суд изјави дека тоа е директен удар на демократското право на еден народ. Тој посочи дека и пред седницата и одлучувањето на Уставниот суд било познато каква одлука ќе биде донесена. Додик истакна дека со референдумот е искажана демократската волја на народот.

– Денот на РС и понатаму ќе го славиме. Ние носиме закони, а Уставниот суд и понатаму нека ги исполнува желбите на Изетбеговиќ и неговите приврзаници и на тој начин најдиректно ќе го урне Уставот и демократијата во оваа земја, наведе Додик.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com