Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставниот суд и целосно го поништи распуштањето на Собранието

Уставниот суд и целосно го поништи распуштањето на Собранието

Уставниот суд денес донесе целосна и конечна одлука со која се поништува одлуката на мнозинството пратеници да се самораспуштат и со тоа ја потврди времената мерка со која се одложуваат сите изборни активности, односно предвремените парламентарни избори беа целосно одложени, а Собранието се врати во целосна функција.

sobranie4dxhx

Распуштањето на Собранието е оценето како противуставно што е прилично тешка квалификација која ќе оди на товар на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ чии пратеници гласаа во Собранието.

Пресвртот во Уставниот суд е најмалку на правна основа бидејќи одлучувањето се води како што вели претседателката Гошева од државните интереси и невообичаената состоја, но според правните експерти одлуката е класично политичка и веќе подолго време во Македонија е нарушен целиот правен поредок кој политичарите го „масакрираа“ за сопствени цели.