Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставен утре нема да расправа за уставноста на СЈО, рокот на Шарената револуција истекува

Уставен утре нема да расправа за уставноста на СЈО, рокот на Шарената револуција истекува

Уставниот суд утре нема да ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство бидејќи не било планирано да има промена и додавање нови предлози на дневниот ред кој беше утврден минатата недела.

Иницијативата за оценување на уставноста на Законот за јавно обвинителство е распределена за работа кај судија известител, но кога ќе биде ставена на дневен ред е неизвесно. Можно е во четврток оваа иницијатива да биде ставена на дневен ред, заедно со преостанатите материјали кои ќе бидат доставени до уставните судии. Во тој случај, иницијативата за уставноста на СЈО би се разгледувала дури идната среда.

Уставниот суд одржува седници секоја среда, а токму утре е последниот ден за разгледување на иницијативата за да се исполни барањето на „Шарената револуција“, која постави рок до 18 јуни овој суд да се произнесе за уставноста на СЈО.