Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставен суд засега ниту ќе го потврди ниту укине СЈО

Уставен суд засега ниту ќе го потврди ниту укине СЈО

Уставниот суд се уште ја нема ставено на дневен ред иницијатива за оценување на уставноста на новата институција популарно наречена СЈО која е задолжена за прогон и истрага на делата кои се поврзани или произлегуваат од прислушкуваните разговори.

sjo pres obvinitelki1

Демонстрантите од „Шарена револуција“ исто така бараат Уставниот суд конечно да донесе одлука со која ќе се потврди работата на СЈО и неговата легитимност, но доколку се реши да го укине ќе предизвика нов удар врз политичкиот прогрес изминатиот период, а со тоа и голем револт.

Критичарите на СЈО секако, очекуваат да биде прогласено за неуставно иако беше прифатено од сите политички партии и со најголем легитимитет изгласано во Собранието на Република Македонија.

ustaven

Поставениот рок на демонстрантите најверојатно ќе биде пробиен што може да донесе нови тензии и повод за уште посилни протести.