Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставен ќе расправа за прислушувањето

Уставен ќе расправа за прислушувањето

Уставните судии, според објавениот дневен ред, на наредната седницата закажана за идната среда, 21 јуни, ќе ја разгледуваат иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации.

Според членот 175 од Законот за електронски комуникации, на телекомуникациските оператори во земјава им се наложува „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи“.

На седницата на Уставен ќе се расправа и за Одлуката за распуштање на Собранието во 2016 година и Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието.