Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУставeн ќе расправа за мандатот на градоначалниците и субвенциите

Уставeн ќе расправа за мандатот на градоначалниците и субвенциите

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница треба да ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори.

Како што е објавено на веб страницата на Судот, на истата седница ќе се одлучува и дали може да почне исплатата на субвенциите за земјоделците.

До Уставниот суд иницијативи за продолжувањето на мандатот на градоначалниците и на советниците поднесоа Министерството за локална самоуправа, Министерството за правда и од Светскиот македонски конгрес.

Се бара оценка на уставноста и на законитоста на член 35, став 1 и на член 49 од Законот за локалната самоуправа, член 16, став 1 и член 16, став 1 во делот „во првата половина во мај“ од Изборниот законик.

Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, но поради тоа што не беше избран претседател на Собранието, истекоа сите рокови за нивно распишување во предвидениот термин.

Уставните судии на седницата ќе ја разгледуваат иницијативата поднесена од земјоделското здржение Агротиквешија со која се бара оспорување на членот од Изборниот законик според кој е забранета исплата на субвенции се до фомрирање нова Влада. Дел од агроекспертите очекуваат Уставен да го оспори членот, оти се работи за редовни исплати планирани во Буџетот.

Иницијаторите бараат оценка на уставноста и законитоста на член 8-а став 1 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 2 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 3 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Изборниот законик и член 11 став 1, ставови 2 и 3 во деловите: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Законот за спречување на корупцијата.