Wednesday, May 24, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаУспешно заврши првиот Поштенски маратон во Прилеп

Успешно заврши првиот Поштенски маратон во Прилеп

5852-news_image-img_1146-960x600

Изминатиов викенд во Прилеп се одржа првиот Поштенски маратон.

Маратонот имаше за цел да го промовира активниот начин на живот како и  да ја промовира поштенската дејност, поштенската комуникација и дополнително да ја валоризира улогата на поштарите-главниот симбол на разнесувањето на пишаниот збор во светот.

Победите на маратонот во машка и женска конкуренција ги однесоа, Саша Столиќ, односно Маријана Чегар Лукиќ.

Победниците на маратонската трка во женска категорија се:

  1. Маријана Чегар Лукиќ (3:11:18)
  1. Весна Кираџиева (3:22:32)
  1. Катарина Шиповиќ (3:48:43)

Победниците на маратонската трка во машка категорија се:

  1. Саша Столиќ (2:50:31)
  1. Александар Кираџиев (2:55:13)
  1. Игор Јакимовски (2:58:22)

Победници во полумаратонската трка во женска категорија се:

  1. Росица Костова (1:34:32)
  1. Андријана Поп Арсова (1:40:51)
  1. Александра Величковска (1:50:08)

Победници во полумаратонската трка во машка категорија:

  1. Кокан Ајановски (1:14:34)
  1. Кристијан Стошиќ (1:14:46)
  1. Дарко Ивановски (1:15:09)

Дополнително се одржаа и детска трка на еден километар и забавна трка на пет километри.