Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУспешен потегот на Дачиќ: ОН го одбија приемот на Косово во УНЕСКО

Успешен потегот на Дачиќ: ОН го одбија приемот на Косово во УНЕСКО

Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ за „Блиц“ потврдил дека Обединетите нации „не прифатиле УНЕСКО да го проследи барањето на Косово за прием во таа организација“. Тој изјавил дека пред УНЕСКО нема да дојде предлогот на ОН да се расправа за барањето на Косово, но предупредил дека тоа е само првото барање.

„Сега може да се очекува Косово со своето барање директно да се обрати до УНЕСКО“, напоменал српскиот министер. Дипломатската борба дефинитивно не е готова, бидејќи може да се случи и некоја трета земја во име на Косово да го покрене ова барање пред извршниот совет на УНЕСКО, наведува „Блиц“.

На листата на УНЕСКО се запишани српските манастири Високи Дечани, Грачаница, Пеќка патријаршија и Црквата Богородица Левишка, а доколку Косово би станало дел од оваа организација, тогаш тие би преминале под заштита на Приштина, што за Србија е неприфатливо.