Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУслови за фер избори е патот за излез од политичката криза

Услови за фер избори е патот за излез од политичката криза

Работните групи на најголемите политички партии денес ќе одржат средба во Клубот на пратеници за започнување на обврските превземени од популарно наречениот Договор од Пржино и фокусот ќе биде ставен на создавање на фер услови кои ќе бидат пат до надминување на политичката криза и конечно прифаќање на волјата на граѓаните изразена слободно на демократски избори.

За чиста сметка пред одржувањето на изборите во април наредната година почетниот чекор ќе биде пречистување на избирачкиот список и регистрација на сите граѓаните кои според позитивните прописи имаат право на глас, а бришење на сите фантомски гласачи, за какви се сомнева опозицијата.

Повеќе детали од конкретните мерки и прифатени реформи ќе бидат познати по завршување на средбата иако со влегување со тврди позиции ништо спектакуларно нема да се договори веднаш, но наредниот период ваквите средби ќе мора да се интезивираат за исполнување на сите обврски до април.