Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУште неизбран претседателот на Собранието да се откажел од „Платформата од Тирана“

Уште неизбран претседателот на Собранието да се откажел од „Платформата од Тирана“

Собранието на Република Македонија се уште нема добиено свој претседател, а веќе на првите знаци на раздвижување на пратениците од протестите на „За заедничка Македонија“ стигна порака дека кој и да биде тој ќе мора да се откажел од како што ја нарекуваат „Платформата од Тирана“.

– Симнувам капа за масовноста, симнувам капа за Македонците, за заедничка Македонија, за Македонија против Тиранска платформа, против двојазична Македонија, против бинационална Македонија, да за заедничка држава, да за мултиетничка држава. Денеска многу важно, било кој претседател на Собранието на Република Македонија, може да биде претседател само ако се откаже од тиранската платформа, ниту едно друго сценарио не е опција и тоа треба да го знаат сите, изјави Богдан Илиевски.

Ќе биде интересно доколку идниот претседател на Собранието е од албанската етничка заедница, дали тогаш таквиот избор дополнително ќе ги вжешти протестите на „За заедничка Македонија“ особено по се погласните најави дека на пратениците ќе им биде оневозможено да си ја завршат својата работа, па не треба ни да помислуваат да гласаат нова влада без мандат од Иванов.