Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУште едно мртво бебе пронадено во чамец со мигранти

Уште едно мртво бебе пронадено во чамец со мигранти

Бебе од една година било пронајдено мртво во операција на грчката крајбрежна стража за спасување мигранти во близина на островот Лезбос, објави Нафтемборики. Во чамецот имало околу 50 луѓе. Крајбрежната стража успеала да спаси голем дел од мигрантите од чамецот, наведува весникот.

Во текот на едно деноноќие, грчката крајбрежна стража соопшти дека спасила 542 лица во морските води во 12 спасувачки операции покрај островите Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси и Фармакониси. Властите инфромираа дека дрвен брод со 100 луѓе денеска се насукал на малиот остров Лерос и сите патници се спасени.

Во меѓувреме, властите изјавија дека на островот Лезбос веќе нема каде да бидат погребувани мигрантите, кои се удавиле во Егејското Море додека се обидувале да стигнат до Европа. На гробиштата Свети Пантелејмон досега се погребани голем број Авганистанци, Ирачани и Сиријци, кои не успеале да стигнат живи до брегот.