Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУште една трагедија, загина тракторист во беровско

Уште една трагедија, загина тракторист во беровско

Загина 44-годишен тракторист, жител на село Двориште, општина Берово. Полицијата соопшти дека несреќата се случила кога В.Р(1972) превезувајќи дрва, од засега непознати причини загубил контрола врз тракторот и на местото викано Крив Грабер, се превртел.

Возачот при тоа паднал и со главата удрил во тврд предмет, по што починал на местото на настанот. Телото на загинатиот го пронашле неговите соселани. На местото на несреќата е извршен увид а телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.