Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУште една пресуда против Македонија за полициска бруталност

Уште една пресуда против Македонија за полициска бруталност

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе уште една пресуда против Македонија за полициска бруталност. Земјава ќе треба да му исплати отштета од 15 илјади евра на кумановски хирург кој бил жртва на полициска бруталност.

Настанот се случил во 2004-та година на паркинг во Куманово каде хирургот го паркирал својот автомобил. Иако немало знак за забрана за паркирање полицајците го казниле и физички го нападнале. Иако во неколку наврати им нагласил дека има здравствени проблеми со срцето, тие не престанале со физичкото малтретирање.

По покренатата пријава против полицајците и неколку месеци подоцна покренатото обвинение, кумановскиот Основен суд ја запрел кривичната постапка. И скопскиот Апелационен суд ја одбил жалбата за првостепената одлука.