Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУште една невнимателност во сообраќајот во Влае, повредено е 11-годишно дете

Уште една невнимателност во сообраќајот во Влае, повредено е 11-годишно дете

Дете на возраст од 11 години е удрено со автомобил пред влезот на основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае.

Сообраќајната несреќа се случила вчера попладне кога на улицата „Ангел Димов“ момчето било удрено од автомобил марка „шевролет“ управувано од лицето Б.Т. (60). Повреденото дете е пренесено на Детска хирургија каде се констатирани скршеници на надлактицата.