Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУште една недела за позитивен извештај од ЕУ, ама со услови

Уште една недела за позитивен извештај од ЕУ, ама со услови

Европската комисија за една недела најверојатно ќе го одложи извештајот за напредокот на Република Македонија со тоа што се дава последен рок за исполнување на сите точки од договорот во Пржино и примена на сите реформи кои се неопходни за одржување на слободни и демократски избори. Доколку овие услови не се исполнат тогаш најверојатно на Македонија ќе и биде доставен негативен извештај и препораката за започнување на преговори ќе и биде одземена.