Wednesday, Aug 16, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаУште една акција за Диво Насеље, се трага по логистичари на терористите

Уште една акција за Диво Насеље, се трага по логистичари на терористите

Полицијата утрово извршила уште една акција за апсење на лица поврзани со групата која на 9-ти и 10-ти мај во кумановско Диво Насеље влезе во престрелка со припадниците на специјалните полициски единици. По наредба на судија на претходна постапка извршен е претрес на неколку локации во скопско Арачиново и кумановско Отља.

Станува збор за три лица за кои лица во текот на истрагата се обезбедени докази за нивна инволвираност во пружање логистичка поддршка на криминално терористичката група од Диво Насеље. Лицата се уште се во бегство. Кај осомничениот полицијата пронашла четири мобилни телефони, три сим картички како и држач за сим картичка. Предметите се предадени на обвинителството кое побарало притвор за осомничените.

Предметите кои се пронајдени при претресите ќе бидат доставени до надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со оваа акцијата по втор пат се проширува истрагата за Диво Насеље откако неодамна во акцијата Молња беа упасени уште 7-мина осомничени за помагање на кумановската група.