Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУште 100 дена до Визер скопскиот маратон

Уште 100 дена до Визер скопскиот маратон

Часовникот отчукува и се ближи денот до најмасовната спортска манифестација Визер скопскиот маратон , на кој со секој изминат ден бројката на пријавени се повеќе расте. 8 ми мај е денот  кога сите оние кои се во форма или едноставно сакаат да ја стават на тест својата кондиција можат тоа да го напават и да се пријават на маратонот. Пријавувањето се отвори минатот месец,  а на 31 јануари истекува пријавувањето по поволни цени. Потоа пријавувањето ќе се продоложи до 29 април и ќе трае се додека не се исполнат сите места. Организаторот на овој маратотн изјави дека до сега имаат оклоу 700 пријавени натпреварувачи од 20 земји. Како што беше најавено тркачите на маратон, полумаратон и штафетниот маратон од 2015 ќе добијат бесплатно учество на трките во 2016 година.

mkd-190704

Насловниот спонзор на сите учесници ќе им додели вредосен ваучер од 20 евра кој ќе можат да го искористат за купување на билет за сите летови на кои работи оваа авионска компанија од и до Скопје.

Пријавувањето на Визер маратонот можете да го направите на официјалната веб страна.