HomeДЕНЕШНАЕкономијаУште една плата за вработените во Југохром, за следната повторно ќе се преговара

Уште една плата за вработените во Југохром, за следната повторно ќе се преговара

jugohrom-pres

Раководството на Југохром се договори со синдикатот – работиниците уште еден месец ќе ги задржат своите работни места, односно и покрај клучот на врата тие ќе земат 70 % од платата. Но ова е привремено решение, синдикатот повторно ќе преговара кон крајот на декември.

„Одлучив заедно во кореалција со менаџментот, вработените да останат сите без исклуцок, без ниту едно отпуштање во работен однос во фабриката. Се разбира дека оваа мерка ја преземавме, повторно на еден месец“ – вели Васил Скендеровски, генерален директор на Југохром.

Синдикатот потенцираше дека протестите ќе се активираат доколку повторно биде загрозен нивниот извор на егзистенција.

„Бараме од институциите односно Министерството за животна средина, Државниот инспекторат, да ја повлечат одлуката, ако не се изјаснат на нашите барања, ние ќе продолжиме со нашите протести кои ќе бидат порадикални“ – вели Бајрам Амити, претседател на синдикатот на работниците.

Директорот објасни дека задоцнувањето со поставувањето филтри е вина на државните институции поради кои фабриката не можела да ги добие навреме потребните дозволи и мислења. Инаку, директорот вети дека по завршувањето на оваа фаза, новинарите ќе бидат поканети во погонот за да се увери јавноста дека градењето на тие филтри всушност е изградба на нов објект.

Скендеровски рече дека Југохром трпи загуба од околу 400 илјади евра месечно, средства кои можеле да бидат инвестирани во ново производство.

Директорот покажа и резултати во кои стои дека и во месеците кога Југохром не работел, загаденоста на воздухот била на енормно високо ниво, што според него докажува дека Југохром не е најголем загадувач на тетовскиот воздух. Филтрите ќе бидат готови кон крајот на мај или почетокот на април, а до тогаш апелираат до надлежните да ја укинат забраната за работење на тетовската фабрика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com