HomeДЕНЕШНАРепубликаУште една добротворна акција за поплавените во Скопје

Уште една добротворна акција за поплавените во Скопје

Градската организација на СДСМ – Скопје утре од 10 д 12 часот во општините Аеродром и Кисела Вода организира хуманитарна акција за помош на граѓаните од поплавените места под мотото „Хумано Скопје подава рака“.

humano-skopje3

„Да донираме дел од нашите исправни електрични апарати за домаќинство и облека на најпогодените граѓани од поплавата во Скопје. Хуманитарната акција ќе се одржи во општините Аеродром и Кисела Вода на ден 25 септември (недела) од 10:00 до 12:00 часот, на следниве пунктови каде ве очекуваат младите од СДММ“, се наведува во повикот на СДСМ.

Пунктови за донирање ќе има во Општина Аеродром на следниве локации: паркингот на НЕОКОМ – Железничка станица, паркинг на ОУ „Љубен Лапе“ – населба Аеродром, автобуска станица – последна „5“ – населба Ново Лисиче.

Во Општина Кисела Вода: паркот спроти Општина Кисела Вода, паркот спроти Расадник – кино Кисела Вода и во паркинг пред поштата во нас. Драчево.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com