HomeДЕНЕШНАРегионУште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

zemotres

Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала.Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во 13 часот и 12 минути во југоисточните делови на Република Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Во останатите делови на Македонија земјотресот е почувствуван со интензитет од три до четири степени.

Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција, во реонот на Солун со магнитуда од 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Како што соопшти атинската сеизмолошка служба, земјотресот, кој се случил во 14.12 часот по локално време (13.12 по средноевропско време), бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com