Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУрнатините на Езерце префарбани, објектот се уште во руини

Урнатините на Езерце префарбани, објектот се уште во руини

Урнатините на некогашниот ресторан Езерце долг период го нагрдуваа градскиот парк и потребна беше било каква интервенција. Затоа општина Центар ангажираше архитекти за преуредување на просторот кој сега е обоен во жолто и ќе може да се користи за уметнички настани.

Во секој случај локацијата треба и добро да се обезбеди бидејќи преставуваше импровизиран тоалет, како и место за преспивање на бездомници. Од општина Центар ја обвинуваат Владата која се уште не дала дозвола за уредување на објектот од политички причини и затоа ова е привремено решение.

Извор: porta3.mk