Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУрната православна црква во Албанија, образложуваат дека била градена нелегално

Урната православна црква во Албанија, образложуваат дека била градена нелегално

Остатоци од икони и крстови – само тоа остана под рушевините згаснатиот православен храм во јужното село Дерми во Албанија, чии власти го урнале пред два дена во раните утрински часови.

Граѓаните со христијанска вероисповест од околината упатија остри критики до албанските власти, кои на тоа вратија со коментар дека црквата била изградена без дозвола. Жестока реакција и осуда стигнала и од грчкото МНР од каде ја повикаа Тирана да ги почитува религиозните слободи потсетувајќи дека токму вакви акти се случуваат на Блискиот Исток и во Сирија.

„Рушењето на црквата денес в зори е тежок преседан на грбот на православната заедница во Албанија и не само тоа, зазема страшни димензии на враќање на тоталитарен режим, кој не ги почитува слободите и основните права за верата, кој ја повредува независноста на верските институции и го прекршува договорот што албанската влада го има потпишано со нив. Несомнено, сите сме лути и го осудуваме овој варварски акт“ – истакнува Лигораќ Kарамело, припадник на грчкото малцинство во Албанија, кој живее во Тирана, а е и потпретседател на партијата на грчкото малцинство во Албанија – Унија за човекови права.