Thursday, Mar 28, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текУрнат лимитот од 140 карактери за директните разговори преку Твитер

Урнат лимитот од 140 карактери за директните разговори преку Твитер

Неограниченото пишување на Тwitter може да започне! Социјалната мрежа и официјално го отстрани ограничувањето од 140 карактери во директните пораки.

Всушност, лимит постои, но е зголемен на 10.000 карактери што е и повеќе од доловно за да кажете се што сакате. DM пораките, освен што се користат за приватна преписка помеѓу пријателите на јавната мрежа, од неодамна се појави можноста и за групна комуникација, а се користат и за приватна комуникација помеѓу брендовите и нивните клиенти.

„Нашите корисници сега имаат можност за флексибилност и да пишуваат подолги пораки и да се изразуваат на поприроден и попријатен начин“, вели Сачин Агарвал од Twitter.