Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиУредникот на МТВ ќе го уредува „Вест“ – Крамарска сменета од уредничкото место во „Утрински весник“

Уредникот на МТВ ќе го уредува „Вест“ – Крамарска сменета од уредничкото место во „Утрински весник“

Досегашниот уредник на информативната програма во МТВ, Горан Петрески е нов главен и одговорен уредник во дневниот весник „Вест“, дознава НОВА од извори во редакцијата.

Новинарите велат дека тој утринава се појавил во редакцијата на „Вест“ и од менаџментот бил претставен пред колегите. Минатиот месец истече договорот на Горан Михајловски, основач на „Вест“ и негов уредник од основањето. МПМ одлучи да не го продолжи неговиот договор. Сите уредници од „Вест“ конкурираа за оваа позиција, но менаџментот се одлучи за Петрески.

Во меѓувреме, новинарката Соња Крамарска денеска добила известување од менаџментот на Македонија Медиа Принт (МПМ) дека е сменета од позицијата главен и одговорен уредник на „Утрински весник“, односно дека ќе биде прераспределена. Крамарска веста ја добила тукушто вратена од боледување, а наводно, пред новогодишните празници менаџментот и ја понудил позицијата главен и одговоред уредник во весникот „Вест“, но таа одбила.