Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиУредничката на ХРТ мисли дека Ал Џезаира е Ал Каеда

Уредничката на ХРТ мисли дека Ал Џезаира е Ал Каеда

Новинарката на Хрватската национална телевизија, известувајќи за бегалската криза и состојбата на српската граница, направи бизарен гаф кога новинарите на Ал Џезеира по грешка ги нарече со името на терорирстичката организација Ал Каеда.

– На границата кај Берасково расте напнатоста помеѓу полицијата и новинарите. На екипата на Ројтерс ѝ е одземена опремата, додека новинарите на Ал Каеда беа одведени од границата, изјави водителката после што веднаш следеше и тв прилог.