Tuesday, Jul 25, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеУрбанистички лавиринт во Центар – Обвинување меѓу општината и власта

Урбанистички лавиринт во Центар – Обвинување меѓу општината и власта

Општина Центар влезе во нов судир со централната власт за носењето на новиот урбанистички план кој има спорни одлуки на повеќе локации во Дебар Маало и Буњаковец, па предвидените градби со високатници не им се допаднаа на жителите кои додека траеше рокот за поднесување предлози и приговори ја пополнуваа јавната анкета со околу 200 поднесоци. Денеска Андреј Жерновски, градоначалникот на Центар посочи дека Деталниот урбанистички план е донесен нелегално од претходното општинско раководство и дека ќе се спротистави на власта и урбаната мафија.

dup1

„Владата си прави свој оази во општина центар. Односно за сите места кој што се потребни одлучува владата,а не општина центар. И тоа важи само за општина центар,а не за другите единици на локалната самоуправа, истакна градоначалникот Андреј Жерновски.

Покуси не останаа ниту од владеачката партија кои го обвинија градоначакнкот за лошо водење на општината.

„Андреј Жерновски продолжува со позирањето како градоначалник на општина Центар низ солзи обвинувајќи други за сопствената неспособност да раководи со општината, нешто кое подолго време го коментираат и тие кои го номинира, предложија и гласаа пред две години“, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по денешните излагања на Жерновски.