HomeДЕНЕШНАСветУраганот Метју ќе пустоши и низ САД

Ураганот Метју ќе пустоши и низ САД

Властите во САД прогласија вонредна состојба во неколку сојузни држави и се во исчекување на ураганот Метју кој се покажа како катастрофален за Хаити каде загинаа над 300 лица, илјадници се повредени со претрпени огромни материјални штети како еден од најсмртоносните урагани кои го погодиле Карипскиот дел во последните 10 години.

haiti_hurricane

50 жртви има само во градот Рош а Бету на Хаити, а во соседниот град Џереми, 80% од објектите се срамнети со земја. Во провинцијата Суд, 30.000 домови се уништени. Најголемиот број од смртните случаи на Хаити биле во градчињата и рибарските села низ јужниот брег, жртвите загинале од паѓања на дрва, предмети кои летале низ воздухот и надојдени води.

haiti-tropical-weather-5

Ураганот, кој се очекува денеска да ја зафати американската држава Флорида, од американските служби е прогласен за трета категорија со постојан ветер од околу 190 километри, што значи дека неговата сила малку е намалена од првичните очекувања. Гувернерот Рик Скот предупреди дека „за жал, ураганот ќе убие луѓе“ и дека цели населби можат да бидат збришани од едно од најсилните невремиња на кои се сеќава.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com