HomeДЕНЕШНАСветУраганот Метју ја однесе првата жртва во САД (ВИДЕО)

Ураганот Метју ја однесе првата жртва во САД (ВИДЕО)

Во САД беше забележана првата жртва на ураганот Метју, кој го погоди брегот на Флдорида и предизвика смрт на една жена на возраст меѓу 50 и 60 години, соопштија и локалните власти. На жената и се слошило во нејзиниот дом во Сент Луси, во централниот дел на Флорида, а поради силниот ветар итната помош не успеала да стигне на време кај неа, изјавил портпаролката на пожарникарната служба Катрин Чејни.

„Не успеавме на време да стигнеме кај неа и таа за жал почина“, изјави Чејни. Силниот ураган Метју оваа недела направи голема штета на Карибите, каде во Хаити починаа најмалку 400 лица, а во Доминиканската Репулбика животот го загубија четири лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com