Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУправниот суд ја поништи лустрацијата на Јадранка Костова

Управниот суд ја поништи лустрацијата на Јадранка Костова

Управниот суд го поништи решението на Комисијата за верификација на фактите за лустрација на новинарката Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“.

„Во правна ситуација кога оспорениот управен акт е поништен од судот, поништувањето делува наназад (ex tung) од донесувањето на актот, односно се поништуваат сите дејствија кои му претходеле на донесувањето на актот како и сите правни дејствија и последици предизвикани од тој акт“, се наведува во пресудата, пренесе Фокус.

Решението за лустрација на Костова беше донесено на 26 март 2015 година. Неколку месеци подоцна, парламентарното мнозинство изгласа предвремено прекинување на процесот на лустрација. Конкретно, од 1 септември 2015 г. Комисијата нема мандат да поведува нови постапки.

Со оглед на тоа што решението на лустрациската за Костова е поништено, Управниот суд потенцира дека „секое наредно процесно дејствие преземено од Комисијата, а се однесува на тужителот (Јадранка Костова, н.з.) треба да се третира како нова постапка“, за кои лустраторите веќе немаат мандат.

Против оваа пресуда дозволена е жалба до Вишиот управен суд во рок од 15 дена од приемот.