Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУправниот суд ја отфрли тужбата на Села против ДИК

Управниот суд ја отфрли тужбата на Села против ДИК

Управниот суд соопшти дека е отфрлена како неосновата тужбата на Алијанса на Албанците на Зијадин Села против решението на Државна изборна комисија за избор на листа на кандидати за избор на членови на совет и листата на кандидат за градоначалник. Ваквата одлука е донесена на денешната седница на советот, согласно со член 67 од Изборниот законик, пишува МКД.

„Со пресудата на Управниот суд тужбата на тужителот Алијанса на Албанците на Република Македонија, изјавена преку овластениот претставник Алил Фетаи, против решението на Државна изборна комисија, бр.11-2014/2 од 21.9.2017 година, се одбива како неоснована“. се наведува во соопштението.

Ваквата одлука ја донел Управниот суд во совет составен од судиите Драгослав Радичевски – претседател на советот, Лулзим Салиу и Габријела Михајловска – членови на советот. Донесената одлука во целост ќе биде објавена најдоцна до утре.