Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУправниот суд ја одби жалбата на Ибраими

Управниот суд ја одби жалбата на Ибраими

Управниот суд ја одби тужбата на Бедредин Ибраими од ДИК. Тој се жалеше на одлуката на Антикорупциската комисија, која го одби неговиот приговор на обидот на партиите да го разрешат, иако не му е истечен мандатот.

Ибраими укажуваше на тоа дека не може да се именува нов член во ДИК, пред тој да биде разрешен и дека со јавниот оглас распишан од Собранието за нов член на ДИК е прекршен Изборниот законик.

Антикорупциска се огради дека не се надлежна да ги толкуваат законските прописи и нивната меѓусебна усогласеност.

Исто така одлучи дека, преку одредбите на Изборниот законик, партиите имаат право да го определуваат персоналниот состав на ДИК и тука нема никаква повреда од страна на Собранието.

Во меѓувреме, беше изменет и Изборниот законик, по што Ибраими беше разрешен, а неговото место го доби Ермира Асани Салија од БЕСА, врз снова на распоредот на партиските сили во Собранието.