Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУправниот суд и ги закочи новите директори на Ременски

Управниот суд и ги закочи новите директори на Ременски

Управниот суд ја суспендираше одлуката на министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски за назначување на 15 нови директори на центри за социјална работа, но правосилност на одлуката се уште нема. Инаку тужбата против Ременски ја поведе заменик министерот Диме Спасов поради пречекорување на ингеренциите и неправилности во процедурата, па затоа веќе постоечките директори засега ќе останат на работа. Ременски својот потег го оцени како професионален и неопходен за работата на социјалните служби и обвинува за партиски кочења и саботажи.