Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУПОЗ со порака до новоизбраните судии

УПОЗ со порака до новоизбраните судии

Синдикатот на УПОЗ денеска преку соопштение го поздрави вчерашниот избор на судии од Академијата на судии и јавни обвинители и изрази надеж дека успешно, совесно, чесно, одговорно, посветено и законски ќе ја обавуваат функцијата.

На новоизбраните и унапредените судии УПОЗ им порачува „да не заборават дека не се единствените вработени во правосудството и оти зад нив стојат 2.300 вработени без кои не можат да ја извршуваат својата функција“.

Меѓу вчера избраните судии во повисоките судови кои напредувале, се вели во соопштението, Синдикатот на УПОЗ и неговите членови, „препознаа имиња на судии кои особено се истакнаа за време на штрајкот во судовите и направија се за да ги заплашат членовите, да ги казнат и да ги одвратат од штрајкување.

– Со тоа претпоставуваме дека си го одработија и својот избор во повисоките судови. Затоа изборот на неколку судии избрани во повисоките судови (Апелационите и Врховниот) неможеме да кажеме дека е изненадување за Синдикатот бидејќи за нив тоа се очекуваше и се најавуваше уште за време на штрајкот, се вели во соопштението од синдикатот.

Од УПОЗ наведуваат дека меѓу новоизбраните судии во повисоките судови има и нивни поранешни членови и истакнуваат оти не сакаат да веруваат дека „нивното откажување од членството во Синдикатот непосредно пред нивниот избор е посебен придонес за нивниот избор“.