HomeДЕНЕШНАРепубликаУЈП објави нова листа на должници

УЈП објави нова листа на должници

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.10/2016 за долгови доспеани до 30.06.2016 и неплатени до 30.09.2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, треба да се обрати до:

– надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;

Извор: www.tocka.com.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com