Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУнковски: После 10 години терор конечно се чувствувам слободен

Унковски: После 10 години терор конечно се чувствувам слободен

Познатиот режисер Слободан Унковски, во интервју за српски Блиц, објаснува дека после десет години терор од претходната власт раководена од Никола Груевски, конечно се чувствува слободен.

– Се чувствувам слободен по десет години деспотизам, криминал и терор. Третманот ќе трае долго бидејќи метастазите на Груевски и неговата партија се насекаде и можат да се вратат. Се надевам дека Заев ќе преживее во политичка смисла и ќе успее да создаде услови за санкционирање на претходните злосторства поврзани со огромниот грабеж на државата, приватизацијата на институциите и државниот систем – истакна познатиот режисер.