HomeДЕНЕШНАСветЈункер со критики до членки на ЕУ кои одбиваат да примаат бегалци

Јункер со критики до членки на ЕУ кои одбиваат да примаат бегалци

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ги критикуваше денеска земјите-членки на ЕУ кои одбиваат да прифатат бегалци од Грција и Италија, често пати поради фактот што мигрантите се муслимани.

– Одредени земји од ЕУ веруваат дека сме католички држави и дека немаме место за муслимани, рече Јункер. – Таквиот начин на расудување го сметам за неприфатлив. Прво доаѓаат луѓе, а потоа доаѓа верата. Не е прво верата, а потоа луѓето, порача Јункер.

Членките на ЕУ во септември минатата година одлучија во период од две години да распределат 160 илјади бегалци кои се наоѓаат во Грција, Италија и другите земји, кои не можат да се изборат со приливот на мигранти. Досега зе преместени само пет илјади бегалци.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com