HomeДЕНЕШНАСветЈункер ги критикува членките кои не ги примаат бегалците

Јункер ги критикува членките кои не ги примаат бегалците

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ги коментираше земјите членки на ЕУ што не ги прифаќаат бегалците, од преплавените Грција и Италија, често поради фактот дека мигрантите се муслимани. „Поединечни земји на ЕУ веруваат дека „сме католички земји“ и дека „немаме место за муслимани“, изјави Жан Клод Јункер. „Таквиот начин на расудување го сметам за неприфатлив. Прво доаѓаат луѓето, а дури потоа верата. Не е прво верата па луѓето“, порача Јуункер.

Членките на ЕУ во септември минатата година одлучија во периодот од 2 години да распределат 160.000 бегалци кои се наоѓаат во Грција, Италија и други земји кои не можат да се изборат со приливот на мигранти. До сега беа преместени само 5.000 бегалци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com