Thursday, Apr 25, 2024
HomeСТУДЕНТУМУниверзитет од Британија ќе им враќа пари на студентите кои нема да најдат работа

Универзитет од Британија ќе им враќа пари на студентите кои нема да најдат работа

Британскиот правен факултет во Гилфорд (ULaw) воведе новина за сите студенти кои ќе се запишат во септември 2015-та. Имено, универзитетот на идните студенти ќе има можност да им врати дел од школарината, во износ од 7000 фунти, доколку студентот не најде работа девет месеци по дипломирањето.

“Independent” пишува дека ова се случува во време кога високообразовните институции ја разбираат загриженоста на студентите поради вредноста на студиите, студентските кредити, трошоците за живот и, пред сѐ, можноста за вработување.

Извршниот директор на ULaw, Дејвид Џонстон, вели дека денешните студенти не сакаат само диплома, туку и нивната инвестиција да биде вратена.
„За дипломираните правници, ова значи една работа: обезбедување на договор за обука или работа со полно работно време, по дипломирањето“